Драма без победник, бод за Кузмановски и Пешевски

116

Ново македонско дерби во Бундес-лигата, овој пат помеѓу Филип Кузмановски и Жарко Пешевски. Оваа пресметка заврши без победник, Хановер беше на прагот на триумфот, но Штутгарт со гол од седум метри во финишот израмни на 23-23, ова беше меч од 32. коло.

Почетокот на мечот му припадна на Пешевски и Штутгарт, имаа предност од четири гола 3-7, но пред крајот на првиот дел со серија од 5-0 поведе со 13-10. Хановер и Кузмановски продолжија во ист ритам, но пред самиот крај гостите најдоа начин како да се вратат и да се изборат за бод.

Кузмановски беше стрелец на еден гол од четири обиди и три асистенции, додека пак Пешевски имаше еден неуспешен обид.

ПретходноАвстрискиот селектор предупреди: Македонија е многу опасна, тие ја победија Германија
СледноКовачевска: Го плативме цехот на пандемијата, ова е успешна сезона за Пелистер