Поради трагедијата, и прераната смрт на Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Даниловски денешниот меч од плеј офот помеѓу екипите на Охрид и Струга кој инаку е означен како дерби ќе биде одложен. Даниловски настапуваше токму за Охрид, и логично е овој меч да биде одложен.
Останатите дуели од ова коло кои се закажани за денеска од 19:00 часот ќе започнат со минута молчење.