Израел прописно не намачи, но го победивме во четири сета

193
MSLA-09-ISRAEL vs NORTH MACEDONIA

Во цврст и до крај неизвесен меч, македонската одбојкарска репрезентација ја оствари и четвртата победа во групата „А“ од Европската Сребрена лига. На вториот турнир во Шлагелсе, по фантастичниот старт и убедливиот триумф над Данска вчера, денеска избраниците на селекторот Матијашевиќ прописно се намачија против Израел совладувајќи го со 1:3 (25-16, 30-32, 29-31, 23-25).

Израелците тргнаа неочекувано силно и го добија стартниот сет со убедливи 25:16. Ние моравме да се вратиме во мечот низ еден исклучително тежок и долг втор сет, кој на крајот ни припадна на разлика со 32:30. Ништо полесно не беше ни во третиот сет. И таму жестока битка за секој поен и конечни 31:29 за водство од 2:1 во сетови.

По исрпувачките два сета, следуваше неизвесна завршница и во четвртиот. И овде нашите одбојкари покажаа поголема зрелост и го приведоа сетот до конечни 25:23 за победа од 3:1.

Капитенот Ѓорѓиев заврши со 21 реализиран поен, додека Љафтов имаше 17.

ПретходноБез дилеми: МВП признанието за Митрашиновиќ
СледноБрентфорд после 74 години се врати во Премиер-лига (ВИДЕО)