Лапорта: Му реков на Чеферин дека ако не казни ќе одиме на суд!

571

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека клубот ќе поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) доколку УЕФА ги казни Каталонците со забрана за учество во Лигата на шампионите, поради тоа што се уште се немаат јавно дистанцирано од идејата за формирање на европска Супер лига.

„Му реков на Чеферин дека нема да се извиниме и нема да платиме неоправдана казна. Ако бидеме казнети, ќе се судиме на ЦАС. Ќе се бориме за да ги заштитиме интересите на Барселона и да развиеме одржлив модел на фудбал. Сите клубови губат пари“, вели Лапорта.

УЕФА во неколку наврати најави дека ја разгледува опцијата за суспензија на Барселона, Реал (М) и Јувентус кои јавно не се откажаа од идејата за формирање на Суперлига.

ПретходноВернер и неговите промашувања: Германецот промаши два зицери за 15 минути! (ВИДЕО)
СледноМакедонија на Еуро 2020 со стариот дрес: Сејдини со порака – „Фудбалот се игра за фановите“ (ФОТО)