Лукаку мисли да се врати во Премиер лигата

258

Голгетерот на италијанскиот шампион Интер, Ромелу Лукаку може да се врати во англиската Премиер лига. Откако премина во Интер, белгискиот напаѓач се препороди, со „нероаѕурите“ го освои „Скудетото“, меѓутоа тренерот Антонио Конте си замина, па се чини дека ќе има големи промени во миланскиот клуб во текот на летото.

Лукаку размислува да се врати во Англија. И тоа во Челзи каде што играше од 2011 до 2014 година. Финалистот на ЛШ се сретнал со агентите на Белгиецот, но се уште нема официјална понуда, пренесуваат англиските медиуми.

Лукаку минатата сезона одигра 36 натпревари во Серија А, реализира 24 гола и направи 11 асистенции.

ПретходноБарди е подобар, но останува во карантин, денеска пристигнува и Пандев
СледноФИНАЛЕ ВО ЛШ: Англиските великани во борба за титулата ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!