Иако нема германски тим во големото УЕФА финале во Лигата на шампионите оваа вечер во Порто, сепак, Германците доминираат на стадионот „Драгао“. Имено, дури четворица Германци (Гундоан, Ридигер, Хаверц и Вернер) ќе бидат стартери вечерва во Порто, со што испишуваат нова страница од историјата на Лигата на шампионите.
Имено, досега не се случило да има толку Германци на терен во финале без германски екипи. Ако на ова го додадеме и Тухел на клупата на Челзи, дури петмина Германци ќе бидат дел од двата англиски финалисти во ЛШ.
4 – Four German players (Ilkay Gündogan, Antonio Rüdiger, Kai Havertz and Timo Werner) are starting the Champions League final tonight, the most of any #UCLfinal without a German team taking part. International. #UCL #ManCityChelsea pic.twitter.com/FH7Kjbs476
— OptaFranz (@OptaFranz) May 29, 2021