Како што и беше најавено, во склоп на подготовките за пријателската средба со Словенија на 3 јуни во Терме Чатеж, нашите надежи попладнево во Ѓорче одиграа меѓусебен контролен меч.
Селекторот Благоја Милевски им даде шанса на сите што ги повика и кои тренираат веќе неколку дена. Од време на време го мешаше составот, воигруваше комбинации и акции.
Резултатот не може да се каже зошто некои играа и за двата тима. Имаше и голови, а стрелци беа Рустемоски, Ѓоргиевски, Бериша. Се гледа дека има квалитет и во оваа селекција, а Милевски може да бира на кого да му даде шанса на тестот со Словенија во пресрет на стартот на квалификациите за У-21 селекции.