Нема финале за Ристовска и ЦСКА

173

Сара Ристовска и ЦСКА Москва не успеаја да се изборат за место во финалето на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони. Рускиот тим кој за првпат се најде на Ф4 немаше свој ден, Вајперс Кристијансанд беше доминантен, на крајот славеше со 33-30.

Ракометарките овој дуел го загубија во првото полувреме во кое покажаа голема немоќ, имаа негатива од 18-12, во продолжение не најдоа начин да се вратат како што тоа го сторија претходно во четвртфиналето.

Ристовска мечот го заврши со еден погодок од еден обид, утре против Ѓер ќе се бори за борнзата на Ф4.

ПретходноМилевски попладнево “скенираше“
СледноЛШ ФИНАЛЕ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Гундоан стартер за Сити, Тухел со Вернер и Хаверц во нападот