Охрид се збогува со Даниловски: Засекогаш ќе бидеш еден од нас!

594

Македонската ракометна јавност се збогува со Никола Даниловски, кој трагично го загуби својот живот. Безживотното тело на македонскиот репрезентативец беше пронајдено во Охридското езеро.

На својата официјална страница се огласи и Охрид, тимот чиј дрес го носеше Даниловски.

“Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, велат од РК Охрид.

ПретходноМуслиу: Сениорско Европско првенство е нешто посебно, по Германија сите не гледаат со поинакви очи
СледноТрајковски: Ова е сонот на секој фудбалер