ФИНАЛЕ ВО ЛШ: Англиските великани во борба за титулата ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!

122

ФОТО: УЕФА

Оваа година ќе гледаме англиско финале во Лигата на шампионите. На стадионот „Драгао“ во Порто (21:00 часот) за европскиот трофеј ќе се соочат Челзи и Манчестер Сити. „Сините“ еднаш го освоија „ушестиот“ пехар, па ќе се обидат да го вратат во витрините, додека Сити првпат е во финале на најголемото европско клупско натпреварување.

Сити ја запечати титулата во Премиер лигата, а сезонава три пати губеше од Челзи – два пати во Премиер лигата и еднаш во ФА купот. Ќе видиме дали Гвардиола го нашол решението или „сините“ одново ќе им земат мерка.

Мечот ќе се одигра пред 16,500 гледачи.

Тухел: Утре не играме јас и Пеп, ова не е тениски меч – Играат Челзи и Сити…

Постојат мали неизвесности околу тимовите, кај Сити под прашалник е Илкај Гундоган кој се повреди на петочниот тренинг. Кај Челзи сите се на број. Се разбира може да има неочекувани работи до почетокот на финалето, па некој да „отпадне“ во последен момент.

Гвардиола оди по третиот трофеј во ЛШ во кариерата. Ја предводеше Барселона до триумф во 2009 и 2011 година. Стратегот на Челзи Томас Тухел цели на првиот успех во ЛШ. Минатата сезона Германецот не успеа со ПСЖ во финалето против Баерн.

Што се однесува до меѓусебните дуели во евро-куповите, Сити и Челзи играле меѓу себе во полуфиналето на поранешниот Куп на победниците на Куповите во 1970/71. Челзи победил со по 1:0 на двата меча и се пласирал во финалето, а подоцна го освоил трофејот по триумфот над Реал Мадрид.

ПретходноЛукаку мисли да се врати во Премиер лигата
СледноСара Ристовска и ЦСКА во лов на европскиот трон