Двајца поранешни тренери на Пари Сен Жермен се освојувачи на двата трофеи на УЕФА оваа сезона. Францускиот гигант ги донесе двајцата да обезбедат европска титула, а тие не успеаа па добија откази. Така беше со Унаи Емери кој во 2018 година доби отказ од ПСЖ, во мај оваа година и на Томас Тухел му беше покажана излезната врата од „Паркот на принцовите“. Емери отиде во Виљареал, Тухел во Челзи.
Оваа година Емери ја освои Лигата на Европа, Тухел се радува на трофејот во Лигата на шампионите.