Роденденско изненадување за „лавот“: Адеми одржа говор, но и се пошегува со Мрме(ВИДЕО)

12129

Македонската фудбалска репрезентација денеска имаше убав повод за славење. „Лавот“ Аријан Адеми го прославува својот 30. роденден, а од таборот на нашиот национален тим му приредија изненадување.

Со торта, песна и подарок му го честитаа роденденот. Адеми одржа краток говор, се пошегува на сметка на селекторот, Игор Ангеловски, а потоа си замисли желба.

„Ви благодарам на сите за честитките, јас би сакал, секако со дозвола на селекторот, да прославиме надовор од хотелот“, рече Адеми.

Добро е познато дека нашите момци имаат строги правила за време на подготовките, поради пандемијата коронавирус мора да бидат во хотелот.

ПретходноЛШ ФИНАЛЕ / ПОЛУВРЕМЕ: Каи Хавертц за водство на Челзи од 1:0 (ВИДЕО)
Следно„Милвоки експрес“: Бакс го „исчистија“ Мајами со 4:0 и први обезбедија втора рунда во плеј-офот