Сара Ристовска и ЦСКА во лов на европскиот трон

179

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и ЦСКА Москва во Будимпешта ќе се обидат да стават круна на сезоната. Рускиот тим откако испиша историја со самиот пласман на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, сака да направи чекор повеќе да стигне до финалето и сензационално да го заврши ова учество.

За противник во полуфиналето ЦСКА го има составот на норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, дуелот е закажан во 18 часот.

Ристовска непосредно пред Ф4 завршницата се здоби со повреда, но најверојатно ќе биде во составот на својот тим за најважните средби оваа сезона.

Во првото полуфинале во „Пап Ласло Арена“ силите ќе ги одмерат Ѓер и Брест. Унгарскиот тим трипати во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампиони, па и натаму ја има фаворитската улога на оваа завршница, мечот почнува во 15:15 часот.

ПретходноФИНАЛЕ ВО ЛШ: Англиските великани во борба за титулата ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!
СледноПСЖ спреми 60 милиони евра за Хакими