Наполи во наредната сезона ќе биде предводен од искусен стратег. На клупата на клубот од Неапол доаѓа Лучано Спалети. Договорот со Наполи до 2023 година.
Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис лично донел одлука да го назначи Спалети на местото на Џенаро Гатузо кој отиде во фиорентина. Де Лаурентус вети искусен и докажан тренер, а исто така вети дека ќе му даде слобода во изборот на фудбалери како и средства за да го засили тимот на одредени позиции.
Спалети претходно го предводеше Интер, но „нероаѕурите“ го отпуштија во 2019 година. И покрај тоа тој се уште беше под договор со сега веќе новиот италијански шампион и добиваше плата. Сега договорот може да биде прекинат за Спалети да го преземе кормилото на Наполи кој заврши на петото место во Серија А и идната сезона ќе игра во Лига Европа.
Спалети работеше уште во Рома, Удинезе, Сампдорија, Венеција, Емполи, работеше и во рускиот Зенит. Зад своето име има куп трофеи со Рома во 2007 и 2008, со Зенит ја освои руската Премиер лига во 2010 и 2012 и Купот во 2010. Два пати беше тренер на годината во Серија А, 2006 и 2007 година.