Трајковски: Ова е сонот на секој фудбалер

205

„Ова е сонот на секој фудбалер“…. Вели Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски започнувајќи ја својата денешна изјава за медиумите. Кој спортист, не сака да ја претставува својата татковина на едно големо натпреварување. Нема таков. Затоа и нашите фудбалски репрезентативци сите до еден го живеат својот сон во моментов. Ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство.

„Секако дека ова е успех за сите нас. Голем успех. Посебен собир, посебно подготовки. За Европско првенство. Нашиот сон се остварува. Секој од нас сонувал за вакво нешто. Затоа и мотивацијата е на највисоко ниво. Не може да биде поонаку“ – вели Трајковски па додава.

Успехот против Германија вели само едно, можеме против сите

„Таа победа е доказ дека можеме да одиграме против сите. Против Германија одигравме многу добар натпревар и таа победа ни дава огромна самодоверба. Одиме без страв против сите, затоа што функционираме како едно големо семејство и тоа ни дава дополнителна сила, мотивација“ – истакнува искусниот напаѓач.

 

 

 

ПретходноОхрид се збогува со Даниловски: Засекогаш ќе бидеш еден од нас!
СледноОдложено цело плеј – оф ракометно коло