Тухел: Играчите имаа огромна желба да победат вечерва

423

Во последните три сезони три германски тренери ја освојуваа Лигата на шампионите. Јирген Клоп го направи тоа со Ливерпул во 2019, потоа Ханси Флик со Баерн, а сега Томас Тухел со Челзи. Тухел лани не успеа со ПСЖ, но сега му појде од рака со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Успеавме. Не знам што да кажам. Убаво е чувството вторпат по ред да се игра финале. Некако е поинаку. Играчите имаа голема желба да победат вечерва. Ова беше тежок психолошки меч, моравме да си помагаме меѓу себе за да успееме. Постојано се бодревме и не дозволувавме да паднеме во клучните моменти. Моравме да покажеме храброст и да одиме напред. Сакавме да бидеме камче во копачките на противникот. Тоа го направивме. Го неутрализиравме противникот, го победивме, успеавме, станавме европски прваци“, вели Тухел за БТ Спорт.

ПретходноЧилвел: Ич не ми е гајле како игравме, важно е дека сме европски шампиони
СледноПСЖ ги избрка, а тие сезонава ги освоија двата европски пехари