Чилвел: Ич не ми е гајле како игравме, важно е дека сме европски шампиони

356

Левиот бек на Челзи Бен Чилвел првпат се радува на европската титула. Дојде во Челзи од Лестер минатата година па еве во првата сезона со „сините“ стигна до титулата – европски клупски шампион.

Знаевме дека ќе биде пеколно тешко. Сити наметнува силен ритам кој тешко да се следи 90 минути. Во второто полувреме се боревме со сите сили, се браневме како животот да ни зависеше од тоа. Се уморувавме како што привршуваше мечот, јас чувствував огромен замор, но морав да издржам затоа што во прашање е Лигата на шампионите. Успеавме. Сега сме европски шампиони и воопшто не ми е гајле како игравме. Ова е исполнување на сонот. Дојдов во Челзи за да почувствувам вакви моменти“, вели Чилвел.

ПретходноМОМЕНТИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Трофејот повторно патува на „Стемфорд Бриџ“
СледноТухел: Играчите имаа огромна желба да победат вечерва