Како што известуваат медиумите во Косово, нашиот шампион, тимот на Шкендија е во интензивни преговори со најдобриот играч на Љапи, Арбнор Рамадани, кој е познат во тамошната јавност како “Меси од Љапи“. Тој оваа сезона одиграл одлично, и бил главен во освојувањето на Купот на Косово на неговиот тим.
Рамадани е играч за врска, има 26 години, а претходно играл за Дрита Гњилане.
За услугите на Рамадани, интерес пројавиле и екипите од Албанија, Кукс и Теута, но сепак играчот на Љапи бил најблиску од Шкендија.