Аспиликуета: Ни требаа 9 години за да се вратиме во финале, ќе дадеме се од себе

165

Капитенот на Челзи, Сесар Аспиликуета сподели дека „сините“ се спремни за голема борба со Манчестер Сити во финалето на ЛШ кое ќе се игра вечер со почеток од 21:00 часот.

Како дете сонував за вакви натпревари. Многу гум горд, се надевам дека по мечот ќе бидам уште повеќе горд. Тоа е голема шанса за Челзи. Ни требаше девет години да се вратиме во финалето на ЛШ. Сега е најважниот момент“, вели Шпанецот.

Веруваме во себе. Имаме добри резултати против топ-екипи. Тоа е последниот чекор и сакаме да го направиме. Треба да оставиме срце на терен, како што тоа го правевме претходно против сите. Не зборувам само за играчите, туку за сите што работат во Челзи. Секако, за да бидеме шампиони на Европа мораме да го одиграме најдобриот фудбал“, продолжи Аспиликуета кој даде коментар и за Премиер лигата и вели дека четвртото место во Премиер лигата не е посакуваниот исход.

ПретходноБрентфорд после 74 години се врати во Премиер-лига (ВИДЕО)
СледноМилевски попладнево “скенираше“