Брентфорд со 2-0 го победи Свонси во финалето од плеј-офот во Чемпионшип и го завери билетот во Премиерлигата за идната сезона по Норич и Ватфорд. Овој тим верувале или не, за враќање во елитата чекаше од 1947 година. Пред вратите на Премиер-лигата беше и минатата сезона, но во неверојатна завршница остана без ништо.
Брентфорд поведе уште во 10. минута со голот на Тонеј од пенал, а на 2-0 во 20. минута зголеми Маркондеш, на асистенција на Расмусен.