ЛШ ФИНАЛЕ / ПОЛУВРЕМЕ: Каи Хавертц за водство на Челзи од 1:0 (ВИДЕО)

1522

Челзи со водство од 1:0 го заврши првото полувреме од англиското финале во Лигата на шампионите. По три одлични шанси, од кои две круцијални Тимо Вернер не успеа да ги претвори во гол, среќата на „сините“ им се насмевна во 42. минута, кога во брз контранапад Хавертц доби одлична топка пред шеснаесетникот на Едерсон, успеа да го измами и да ја погоди празната мрежа за водство.

Сити имаше повеќе во доминацијата на средината, но не створи ниту една посериозна шанса за гол. Останува да се напомене дека Челзи остана без Тијаго Силва, кој поради проблем со препоните беше заменет во 38. минута од Кристенсен.

 

ПретходноМакедонија на Еуро 2020 со стариот дрес: Сејдини со порака – „Фудбалот се игра за фановите“ (ФОТО)
СледноРоденденско изненадување за „лавот“: Адеми одржа говор, но и се пошегува со Мрме(ВИДЕО)