Македонската фудбалска репрезентација веќе неколку дена како активно се подготвува за она што следува. Тоа секако е Европското првенство.
Дел од нив веќе имаат такво искуство, со репрезентацијата до 21. година, а еден од нив е Висар Муслиу.
„Да, точно е дека дел од нас има веќе вакво искуство но сениорско Европско првенство е нешто посебно. Не може да се опише желбата, и мотивот кои ги чувствуваме пред овој настан. Се гледа тоа уште на самиот старт, на овие подготовки. Тоа значи само едно. Дека едвај чекаме да почне тоа Европско првенство и да дадеме се од себе што се вели“ – изјавува Висар Муслиу, па додава.
„Кога се игра во националниот тим нема голема разлика во тоа против кого играш. Дали е тоа Германија или пак Лихтенштајн. По она што се случи против Германија сега сите ќе не гледаат поинаку со поголем респект, и така и треба да биде“ – вели Муслиу.
Ни недостасува Барди, сите чекаме да се приклучи
„Нормално е дека ни фали Енис Барди. Му посакувам што побргу да се врати, да биде се во ред со него, сигурен сум дека ќе биде така“ – истакнува дефанзивецот.