Брест Бретањ е првиот финалист на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони, откако во финалето го совлада Ѓер по продолженија и изведување на пенали со 25-27.
Ракометарките на Брест испишаа историја, за првпат се најдоа во битката за титулата, на другата страна пак заврши доминацијата на унгарскиот состав, кој дефинитивно ја игра најлошата сезона. Тимот за кого настапува македонската снаа, Едуарда Аморим Талеска, освои само Куп-трофеј во домашниот шампионат и ќе чека вајлд-карта за место во ЛШ.
По првото полувреме беше (8-11), по 20-20 во регуларниот дел се замина во продолженија, кои не беа доволни за да се дознае името на финалистот. Во пенал-серијата, Ѓер двапати промаши.
Ана Горс со девет гола беше прв стрелец, Јауковиќ имаше пет, на другата страна Кристијансен запиша осум.
WATCH: A bit of Bella Gulldén magic to send @BBH_Officiel through to the final 🪄#ehffinal4 #showtimefordeloehffinal4 pic.twitter.com/gEZOM97dnY
— EHF Champions League (@ehfcl) May 29, 2021
ФОТО: BBH officiel
Во второто полуфинале од 18:00 часот силите ќе ги одмерат ЦСКА Москва на Сара Ристовска и Вајперс Кристијансанд.