Аталанта повторно поведе во серијата против Њујорк и сега е 2:1. Хокс успеаа да триумфираат со 105:94 и тоа благодарение на фантастичниот настап во втората четвртина кога воедно беше направена добра предност која ривалот не можеше да ја стигне. Њујорк го имаше расположениот Роуз кој даде 30 поени, но тоа беше недоволно за победа.
Кај Аталанта најдобри беа Треј Јанг со 21 поен и 14 асистенции, а Богдан Богдановиќ даде 15 поени и запиша осум скокови.
Кошаркарите на Далас претрпеа брејк од Л.А. Клиперс (108: 119) и покрај добриот настап на Лука Дончиќ кој постигна 44 поени и имаше 9 скокови и 9 асистенции. За Клиперс одлична партија пружи Кавај Леонард со 36 поени, а покрај него ефикасен беше Пол Џорџ со 29 поени.
Изненадување направи и Бостон кој на свој терен го совлада Бруклин со 125:119. Џејсон Тејтум постигна дури 50 поени за Селтикс, на другата страна Џејмс Харден даде 41 поен, а Кевин Дурент 39.