Холандија има позитивен на коронавирус и се соочи со проблеми за време на подготовките пред стартот на ЕП 2020. Голманот Јаспер Силесен е позитивен на КОВИД-19 и е испратен во изолација. Голманот на Валенсија нема симптоми, а лекарите ја следат неговата ситуација.
„Лекарите будно ја следат неговата состојба. Штом заздрави ќе ни се приклучи“, изјави селекторот Франк де Бур.
Инаку Холандија ќе ги одработи подготовките во Лагос, Португалија, а на 2 јуни ќе игра пријателски меч со Шкотска. Холандија е наш ривал на ЕУРО 2020, а првиот меч „лалињата“ ќе го играат против Украина на 13 јуни.