Дончиќ неизвесен за вечерашниот четврти меч со ЛА Клиперс

251

Лука Дончиќ кој и покрај рекордните 44 поени за него на третиот натпревар од плеј-офот не успеа да и донесе трета победа на својата екипа во дуелот со ЛА Клиперс, сега е под знак прашалник за настапот на четвртиот меч меѓу двата тима. Од Далас утрово стигнуваат вести дека лекарскиот тим на Мавси го стави Словенецот на листата на кошаркари кои се под закана да го пропуштат четвртиот натпревар доцна вечерва, поради болки во вратот.

Дончиќ доби медицинска интервенција поради проблем со рамото на третиот меч, но тој подоцна рече дека рамото не е проблем. Тој прво почувствувал болка во пределот на вратот во првото полувреме. Болката потоа се движела пониско под неговата рака. Лекарите се обидуваат да го оспособат за мечето, но нема да ризикуваат ако болките не се намалат.

Далас води со 2:1 по првите 3 меча од првата рунда на плеј-офот против Клиперс.

ПретходноБлескаво издание на Томовски: 17 одбрани за клучна победа на Лудвигсхафен
СледноФали Рамадани утре на преговори со Лацио за Маурицио Сари