Истанбул ќе биде домаќин на Суперкупот и на финалето во ЛШ 2023

328

Истанбул оваа година требаше да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите, но поради состојбата со пандемијата коронавирус, УЕФА одлучи истото да се одигра во Порто и тоа пред публика.

Откако овој турски град остана без организацијата на ваков голем настан, но затоа ќе биде домаќин на Суперкупот меѓу Челзи и Виљареал, а потоа во 2023 година и н финалето во ЛШ.

Оваа информација ја потврди, турскиот министер за спорт и млади, Мехмет Касапоглу.

„Ние ги направивме сите подготовки за организација на годинешното финале во ЛШ, едноставно пандемијата не спречи и немаше услови за такво нешто. Немавме среќа годинава, но затоа донесовме две врвни финалиња на нашата земја, прво Суперкупот годинава, а потоа финалето во ЛШ во 2023 година“, рече Касапоглу.

ПретходноСејдини: Испративме барање до УЕФА за старите дресови, како претседател не бегам од одговорност!
СледноСо еден потег Гвардиола остана голем и по поразот