Историска сезона за Виперс Кристиансанд во Лигата на шампиони. Норвешкиот тим одигра маестрално против Брест Бретањ во финалето, славеше со 28-34 се искачи на кровот на Европа за прва историска титула во ова натпреварување.
Новиот првак во женска конкуренција триумфот го најави по првото полувреме, имаше предност од 14-18, во продолжение ракометарките на Кристиансанд не му дозволи на францускиот состав да се врати.
Норвешката екипа успеа да го направи она што го пропушти во сезоната 2018/19 кога не стигна до финалето, па мораше да се теши со бронза.