Нов проблем за Австрија: Арнаутовиќ и Онисиво повредени, не играат против Англија

310

Фудбалската репрезентација на Австрија ќе мора без Марко Арнаутовиќ на тест-мечот во среда во Мидлсборо против Англија. Тимскиот лекар Михаел Фидлер денеска за австриските медиуми потврди дека Арнаутовиќ има болки во мускулот на десниот бут, повреда што ја претрпе пред неколку недели, и не смее да игра.

„Ние сериозно ја сфаќаме неговата повреда на мускулот и сме на добар пат да ја средиме до ЕП“, изјавил Фидлер.

Арнаутовиќ би можел да игра против Словачка на последниот тест пред Европското првенство на 6 јуни во Виена.

Исто така, Карим Онисиво не се знае дали ќе игра на оваа средба. Фудбалерот на германски Мајнц го прекинал денешниот тренинг поради болка во коленото.

ПретходноИнтер го „врза“ Бастони до 2024 година
СледноКвартараро доминираше на Муџело