Ристовска и ЦСКА „настрадаа“, Ѓер без милост до бронза

202

Ѓер ја освои утешната бронза на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада составот на ЦСКА Москва со 32-21 за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска.

Ракометарките на унгарската екипа сиот бес го насочија токму во битката за третото место, одиграа моќно, не се штедеа на крајот славеа со . ЦСКА Москва немаше сили за темпото на противникот, особено во првото полувреме во кое постигна само осум гола, наспроти 19-те на противникот.

Ристовска средбата ја заврши со три гола од четири обиди, својата шанса за медал со ЦСКА ќе ја бараат следната сезона.

ПретходноФали Рамадани утре на преговори со Лацио за Маурицио Сари
СледноЏака оди во Рома: „Мурињо знае како се освојуваат титули“