Џорџина: Роналдо и натаму ќе игра во Јувентус (ВИДЕО)

605

Сопругата на Кристијано Роналдо, популарната Џорџина, ја откри можеби најголемата тајна која во моментов се крие во фудбалскиот свет. А тоа е каде следната сезона ќе игра Кристијано Роналдо.

Португалецот сеуште е дел од Јувентус со кого имаше лоша сезона, не освои ништо, па многумина се прашуваат дали 36. годишниот Роналдо сеуште е добра опција за тимот од Торино.

Џорџина во моментов е во Шпанија, а новинарите како што е и нормално го следат секој нејзин чекор, па на прашањето каде ќе игра Роналдо следната сезона, таа само дофрли во Јувентус.

ПретходноАтланта поведе со 3:1 против Никси (ВИДЕО)
СледноАнадолу Ефес е освојувач на Евролигата (ВИДЕО)