Анадолу Ефес е освојувач на Евролигата (ВИДЕО)

239

Екипата на Анадолу Ефес е освојувач на овогодинешното издание на Евролигата во кошарка. Турскиот тим предмалку во финалето беше подобар од екипата на Барселона со конечни 86:81 и на тој начин дојде до најдрагоцениот кошаркарски трофеј на Стариот контитент.

Најефикасен во таборот на сега веќе актуелниот Европски кошаркарски шампион беше Србинот Василије Мичиќ кој во второто полувреме од мечот буквално „експлодираше“ и постигна дваесетина поени, и беше незапирлив. Барселона немаше решение за него во одбраната, а веднаш зад него беше и Ларкин со 21 кош.

Ова за тимот на Анадолу Ефес беше прва титула во ова натпреварување.

Во мечот за третото место, тимот на Милано ја совлада ЦСКА Москва со конечни 83:73.

 

ПретходноЏорџина: Роналдо и натаму ќе игра во Јувентус (ВИДЕО)
СледноВасилије Мичиќ МВП на Евролига Ф4 турнирот