Белгија ќе има помош на Европското првенство во фудбал што ќе се одржи ова лето. Светската репрезентација број 1 во стручниот штаб го врати легендарниот Тиери Анри.
Анри работеше како помошник на Роберто Мартинез во селекцијата на Белгија од август 2016 па до летото 2018 година, до завршувањето на СП во Русија. Потоа одлучи да почне самостојна тренерска кариера, прво неславно помина во Бордо од каде замина само неколку денови поради несогласувања со газдите, потоа беше и во Монако една сезона каде исто така неславно помина. По отказот од клубот од Монте Карло, Анри работеше во Монтреал Импакт, а по завршувањето на сезоната во МЛС одлучи да го раскине договорот.
Сега се враќа во стручниот штаб на Белгија каде пак ќе му биде помошник на Мартинез. Заедно ќе атакуваат на европската титула.
Unfinished business. We welcome back Thierry Henry in the staff for #EURO2020! 🤝🇧🇪 pic.twitter.com/ocOWct2JMi
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) May 30, 2021