Foto> Twitter/KarimBenzema
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се врати во репрезентацијата на Франција. Дидие Дешамп го повика искусниот напаѓач за ЕП 2020. Тоа е прв повик за Бензема по 2015 година.
„Во ниту еден момент не престанав да верувам. Не се откажав. Во спротивно немаше да бидам тука. Бев многу разочаран, ми беше многу тешко. Се борев со разни предизвици и се надевав дека еден ден ќе се вратам. Ете, се случи тоа“, сподели Бензема.
Причината што 33-годишниот играч не беше повикуван во националниот тим беше скандалот со Матје Валбуена. Наводно Бензема бил дел од групата која го уценувала Валбуена со секс-снимка. Карим дејствувал како посредник, а Валбуена го пријавил случајот во полиција.
„Има работи за кои жалам. Не можам да го сменам времето. Тоа за мене е минато. Најважно за мене е тоа што го правам на фудбалскиот терен. Сконцентриран сум да дадам се од себе за успех со националниот тим“, додава напаѓачот на Реал Мадрид.