Колумбискиот велосипедист Еган Бернал е победник на популарната „Џиро д’Италија“ за 2021 година. Со тоа Бернал стана вториот Колумбиец кој триумфирал на трката низ Италија после Наиро Кинтана кој успеа да го направи тоа во 2014 година.
Денеска Бернал го запечати триумфот по одличното возење на последната, хронометарска трка во Милано.
Бернал ја презема розовата маичка од Валтер во деветтата етапа и ја сочува до последната, 21 етапа на Џирото. Во генералниот пласман Бернал запиша време од 86 часа 17 минути и 28 секунди што е за 1 минута и 29 секунди подобро време од второпласираниот Дамијано Карусо. Трет заврши Британецот Сајмон Јетс со заостануваше од нешто повеќе од четири минути. Топ 5 ги заокружуваат Русинот Александар Власов и Колумбиецот Даниел Мартинез.
Оваа година трката низ Италија изнесуваше вкупно 3,411 километри.
#Giro – Final GC pic.twitter.com/IqKWW8tiki
— La Flamme Rouge (@laflammerouge16) May 30, 2021