Сосема очекувано на штотуку завршениот фајнал – фор турнир во Еверолигата, која ја освои тимот на Анадолу Ефес, за најкорисен играч е прогласен Србинот Василије Мичиќ.
Тој денеска во финалето забележа фантастични 25 поени и пет асистенции и нормално е што е прогласен за МВП на целиот турнир.
Анадолу Ефес ја освои првата титула во ова натпреварување совладувајќи ја Барселона со 86:81.