Македонскиот голман Филип Гачевски ја доби наградата за својот фантастичен настап и прекрасните одбрани на мечот меѓу неговиот Енозис против Етникос во кипарскиот шампионат. Една негова одбрана на тој меч од 14 коло, кој заврши без голови, беше номинирана за најдобра и македонскиот голман ги доби гласовите од навивачите.