Гвардиола: Се надевам на ново финале во скоро време, немам замерки до фудбалерите

559

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не успеа по трет пат да стане европски шампион. Со Барселона два пати му успеа тоа, го донесе Манчестер Сити до финалето но не го освои трофејот.

Ова беше тежок натпревар. Имавме шанси, бевме брилијантни во второто полувреме, бевме доволно храбри но не ги реализиравме нашите шанси затоа што тие цврсто се бранеа. Немам замерки кон играчите. Тие одиграа одлично. Го направив најдобриот избор (на тимот). Де Брујн ни се повреди, но се случуваат вакви работи и на големите натпревари. Сега треба да се одморивме и да се подготвиме за идната сезона. Ова ни беше прв пат во финале ЛШ. Се надевам на ново финале во скоро време“, изјави Гвардиола.

ПретходноМенди стана рекордер, зад себе ги остави легендите Буфон, Валдес, Кан, Ван дер Сар…
СледноДе Лихт: Барселона сега нема никаква смисла!