Италијанскиот шампион Интер потврди дека Алесандро Бастони потпиша нов тригодишен договор со клубот и ќе остане во тимот до летото 2024 година.
Со своите извонредни настапи, 22-годишниот фудбалер е во центарот на вниманието на големите европски тимови кои најавија дека го сакаат во своите редови за следната сезона. Манчестер Сити беше споменуван како најзагреан за него, но Интер успеа да го задржи со нов договор.
Бастони беше клучна фигура во тимот на Антонио Конте, кој ја освои титулата во Серија А за прв пат по 11 години минатата сезона.