Кипар како „генералка“ пред Ф4 турнирот следниот викенд во Струмица

305

По вчерашниот триумф над Израел, македонската одбојкарска репрезентација денеска од 16 часот во Шлагелсе, Данска, го завршува и вториот турнир од Европската Сребрена лига со натпревар против Кипар.

Објективно најлабата селекција во групата „А“ е наш противник за крај на серијата и со уште една победа момците на Никола Матијашевиќ со полна самодоверба ќе допатуваат во Струмица, каде следниот викенд ќе се борат за трофејот во ова европско репрезентативно натпреварување.

Кипраните веќе ги совладавме на првиот турнир со максимални 3:0 и денеска со сериозен пристап во мечот не би требало да има проблеми да ја запечатиме првата позиција во групата со петта победа. Во втората група, Хрватска и Унгарија се убедливо на првите две позиции и овие две селекции ќе ни се приклучат нам и на Данска на Ф4 турнирот во Струмица.

ПретходноИслами по рекордот: Пресреќна сум, мојата цел е да бидам прва на Европско!
СледноДе Бриун го скршил носот, ги пропушта првите две средби на Еуро 2020