Менди стана рекордер, зад себе ги остави легендите Буфон, Валдес, Кан, Ван дер Сар…

1016

Каква ноќ за Челзи, каква сезона за голманот Едуард Менди. Човекот на 24 години играше во аматерска лига и остана без работа, па до ѕвездите со Челзи. И не само што стана европски првак, туку Менди се најде меѓу рекордерите во Лигата на шампионите.

Сенегалецот сезонава девет пати ја сочува мрежата на натпреварите во Лигата на шампионите, тоа им успеало уште на Сантијаго Кањизарес со Валенсија во 2000/01 и Кејлор Навас со Реал Мадрид во 2015/16.

Да кажеме дека оваа сезона во ЛШ му е дебитантска на Менди. Значи 12 меча, 9 „суви“ мрежи, само три примени гола.

Неверојатниот Менди со овој ефект се издвои на врвот пред некои легенди на европскиот и светски фудбал како Џанлуиџи Буфон, Виктор Валдес, Дида, Оливер Кан, Едвин ван дер Сар кои останаа со осум „суви“ мрежи во една сезона на ЛШ.

Исто така Менди е првиот африкански голман кој триумфирал во Лигата на шампионите.

ФОТО: Твитер/CFC-Blues

ПретходноПСЖ ги избрка, а тие сезонава ги освоија двата европски пехари
СледноГвардиола: Се надевам на ново финале во скоро време, немам замерки до фудбалерите