Тимот на Нант и следната сезона ќе биде дел од најфоброто Француско фудбалско друштво. „Канаринците“ беа подобри во бараж двомечот со тимот на Тулуз, иако денешниот меч го загубија со 0:1. Сепак, победата од 1:2, во првиот дуел им донесе спас што се вели. Стрелец на единствениот гол на денешниот меч беше Бајо во 62. минута.
Со ова дефинитивно тимот на Тулуз и следната сезона ќе игра втора лига. Од првата пак дефинитивно испаднаа Нимс и Дижон, додека пак од второлигашкта конкуренција прволигашки статус обезбедија, Троа и Клермон.