Познати финалистите во пингпонгарскиот плеј-оф за титулата

99

Со полуфиналните натпревари од суперлигашкиот плеј оф започна разврската во сезоната 2020/21 во пинг понгарското првенство. Телеком НЕЦ 2 против Младост 96 и Шампион ФА против Младост беа двете полуфинлни двојки во кои прилепските екипи на Младост и Младост 96 влегоа со предност од 1:0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната.

Младост 96 без многу проблеми го совлада Телеком НЕЦ 2 со резултат од 4:1 и закажа финале во Прилеп против градскиот ривал Младост. Тимот на Младост во неизвесен натпревар успеа да ги надигра играчите на штипскиот клуб Шампион ФА до 4:3.

Исто така се одигра и бараж натпревар за пласман во супер лигата. Доскорешните супер лигаши екипата на Радовиш не успеа да го одбрани своето место во елитата, Радовиш беа убедливо поразени од Рисови од Скопје со 4:0, и од следната сезона Радовиш ќе се натпреварува во Првата пинг понгарска лига.

Во квалификациите за Првата лига ППК Зегин Берово беше поуспешна од битолскиот Евроспин со 4:1, со идентичен резултат ППК Крива Паланка славеше против ППК Шуто Оризари 2.
Поради откажувањето на ППК Винспин од Виница изостанаа Бараж натпре варите за пополнување на првата лига, така што Борец Тим од Велес, Крива Паланка и Зегин Берово во следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига.

ПретходноИ на врнежливо и студено време „рисовите“ тренираат со полна пареа (видео)
СледноКристиансанд испиша историја во Лигата на шампиони