Денеска на Ролан Гарос се играа натпревари од 1.коло, а веднаш изненадување. Пабло Андухар го елиминира еден од фаворитите за пласман во финалето Доминик Тим со 3:2 во сетови.
Тием поведе со 2:0 и се чинеше лесно ќе стигне до победата, но се случи пресврт. 35-годишниот Шпанец собра сили и го „нокаутира“ Австриецот со 6:3, 6:4 и 6:4 во наредните три сета и се пласира во наредната фаза.
Бугаринот Григор Димитров мораше да го предаде мечот против Маркос Хирон. Димитров водеше со 2-0 (6:2, 6:4) потоа го загуби третиот сет (5:7), па неочекувано почна да паѓа. Бугаринот се пожали на повреда на грбот и одлучи да не го доигра натпреварот.
Од другите натпревари Качанов со 3:0 го совлада Весели, Фучович со ист резултат го елиминира францускиот тенисер Симон. Во следната рунда се пласираа уште Фабио Фоњини, Карено-Буста, Роберто Баутиста-Агут, Миомир Кецмановиќ…