Словенците со шестмина дебитанти доаѓаат во Скопје

578

Репрезентацијата на Словенија утре пристигнува во Скопје за пријателскиот меч со Македонија во вторник (18 ч.) на Националната арена. Селекторот на Словенците, Матјаж Кек, најави дека ќе го искористи пријателскиот натпревар за да тестира нови имиња во селекцијата, кои не се во проширениот состав на 26 фудбалери.

За првпат, Кек за мечот со Македонија ги повикал Игор Векиќ (Браво), Свен Кариќ (Домжале), Жан Рогељ (Тирол), Јан Млакар (Марибор) и Бенјамин Шешко (Лиферинг). По неколку откажувања, во селекцијата се повикани и Жан Залетел (Целје), Јан Репас (Марибор) и Марио Јурчевиќ (Осијек).

„Ние сме слаби на централните дефанзивни позиции, но не блескавме и во фазата на напад. Затоа бараме нови имиња”, рекол Кек, кој ги загуби Михо Блажиќ и Кенан Бајриќ за дуелот со Македонија.

Со 17 години, Бенјамин Шешко е најмладиот играч во селекцијата која доаѓа во Скопје.

фото: NZS.si

ПретходноКвартараро доминираше на Муџело
СледноБлескаво издание на Томовски: 17 одбрани за клучна победа на Лудвигсхафен