Пеп Гвардиола синоќа го доживеа првиот пораз во финалето на Лигата на шампиони, неговиот Манчестер Сити беше поразен од Челзи со 0-1.
За него ова беше прв пораз во финалињата на клупата на сити, додека втор на големите натпреварувања, откако во 2011 година го Барселона го загуби Купот на Кралот во Шпанија.
И додека неодамна фудбалерите на Манчестер Јунајтед веднаш ги симнуваа медалите по поразот од Виљареал во Европската лига, Гаврдола вчера со еден потег го воодушеви фудбалскиот свет. Откако Александар Чеферин му го додели медалт, тој го бакна. На овој начин покажа колку го цени ова натпреварување кое во својата тренерска кариера го освои двапати и тоа со Барселона, во 2009 и 2011 година.
Pep Guardiola kissing silver medal 🥈. Example.
Respect & Pride for the whole career ✊👏 pic.twitter.com/23tiqngplG— Jorge Reis (@jorgecoutoreis) May 29, 2021