Македонската одбојкарска репрезентација продолжува да ниже победи во рамките на Сребрената Европска лига. Денеска во Шлагелсе, нашите момци забележаа победа над Кипар со 3:1 и со пет победи и еден пораз го освоија првото место на табелата.
„Спартанците“ го добија првиот сет со 25:22, во вториот беа поубедливи и триумфираа со 25:18. Во третиот имаа проблеми, противникот се одлепи на 13:11, потоа на 14:12 и направија убава серија на поени и стигна до 25:18.
Меѓутоа во следниот сет македонските репрезентативци не му дозволија на противникот уште едно изненадување. Го добија со 25:22 и со тоа и мечот.
Со тоа македонските одбојкари се најдоа во добра позиција идниот викенд да се борат за трофејот во ова европско репрезентативно натпреварување. Ф4 турнирот ќе се игра во Струмица, а на истиот ќе се приклучат Данска која заврши втора во нашата група како и Хрватска и Унгарија кои ги освоија првите две места во втората група.