FOTO> Скриншот/Прилог на РТВКВ
На трката од кружниот шампионат на Србија што се одржа денеска во Краљево се случи трагедија. Еден од возачите Владимир Шекуларац загина на трката која е организирана од страна на авто и картинг сојузот на Србија.
Трката се одржа на аеродромот Берановац во близината на Краљево, а до трагедијата дошло при судар на четири возила кои пробувале да поминат мост кој не бил добро обезбеден. Автомобилот на Шекуларац бил турнат од патеката и тој излетал од мостот. По страшната сцена трката е завршена.
Лекарите во општата болница во Краљево пробале да го реанимираат Шекуларац, но возачот подлегнал на повредите.