Младиот швајцарски мотоциклист Џејсон Дупаскjе почина како резултат на повредите кои ги доби за време на квалификациите вчера на трката за Големата награда на Италија во Мото3.
Во вториот дел од квалификациите на патеката „Муџело“, Дупаскje беше учесник во сериозна несреќа во која учествуваа и Ајума Сасаки и Жереми Алкоба.
На Швајцарецот прво му беше укажана помош на самата патека, а потоа со хеликоптер беше префрлен во болница во Фиренца, каде што беше опериран во текот на ноќта, но им подлегна на повредите утрово. За нешто повеќе од еден месец, на 9 јули, тој требаше да наполни 20 години.