ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ПСЖ: Покетино побарал да си оди од клубот!

802

Нови проблеми за Пари Сен Жермен. Откако останаа без трофејот во Лигата на шампионите, останаа и без титулата во Франција, тренерот Маурицио Покетино побарал да си замине, пренесува „Goal“.

Пред неколку денови се зборуваше дека Тотенхем сака да го врати аргентинскиот тренер на „Вајт Харт Лејн“, а сега се оди и подалеку, самиот тренер побарал да го напушти „Паркот на принцовите“ по само шест месеци на кормилото. Ќе видиме што ќе одлучи ПСЖ.

Тотенхем сака да го врати Покетино по неполни две години откако го отпушти. „Спарс“ од тогаш не најдоа добра замена која ќе го крене тимот на повисоко ниво. Напротив лондонскиот клуб повеќе падна отколку што напредуваше.

Се зборува дека Покетино е во плановите и на Реал Мадрид.

ПретходноРолан Гарос: Андухар го „шокира“ Тием, Димитров го предаде мечот
СледноАнри се врати во стручниот штаб на Белгија за ЕП 2020